Новиот свет мора да биде поздрав, побезбеден и подобро подготвен, изјави директорот на СЗО
Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека епидемијата на коронавирусот, иако во Западна Европа е „навидум стабилна или опаѓа“, сепак има загрижувачки нагорни трендови во Африка, Централна и Јужна Америка и Источна Европа, јави би-би-си.
„Не грешете, пред нас е долг пат. Овој вирус уште долго ќе биде со нас“,
рече Гребрејесус.
Тој додаде дека е разбирливо што луѓето се фрустрирани поради тоа што мора да останат во своите домови, но и дека светот не може да се врати на она што беше пред пандемијата.
„Новиот свет мора да биде поздрав, побезбеден и подобро подготвен“,
истакна Гебрејесус.
*поврзана вест: Шефот на СЗО: Сè уште многу луѓе не го разбираат ковид-19