Говорејќи за потребата ДУИ да премине во опозиција, Гаши вели дека „станува стара веста оти во ДУИ има корупција и криминал“, а очекува на „црната листа“ на САД да се најдат уште многу функционери од врвот на албанската владејачка партија
Во интервјуто за „Локално“, Гаши одговара и на прашањето дали би коалицирал со ВМРО-ДПМНЕ, доколку партијата на Мицкоски победи на следните парламентарни избори. Кажа оти Алтернатива не ги бира коалициските партнери по име или боја, туку по програмски определби и политички договори за соработка
Штом ние успеавме да си подадеме рака еден на друг, кулата од карти на корупција и криминал наречена ДУИ е веќе срушена и на повидок е нова победа и нови предизвици, вели лидерот на опозициската Алтернатива, Африм Гаши, во интервјуто за порталот „Локално“, во врска со очекувањата од здружувањето на албанската опозиција.
„Албанската опозиција во С Македонија е политички фактор кој не може да биде рамнодушен кон севкупните државни и национални интереси. Тоа нè принудува да се воздигнеме над нашите лични, партиски и други интереси и да се обединиме не само за уривање на корумпираната ДУИ, бидејќи тоа веќе станува најмалиот проблем, туку за спасување на иднината на нашите деца и млади, кои чекаат од нас обединување, одлучност и политичка понуда“,
вели Гаши во интервјуто за „Локално“.
Говорејќи за потребата ДУИ да премине во опозиција, Гаши вели дека „станува стара веста оти во ДУИ има корупција и криминал“, а очекува на „црната листа“ на САД да се најдат уште многу функционери од врвот на албанската владејачкапартија.
„Ако судиме според наши информации за поврзувањето на ДУИ со корупцијата, на таа ‘црна листа’ би требало да бидат уште многумина од самиот врв на ДУИ, кои сериозно го заслужуваат тоа. Всушност, за албанскиот гласач тие одамна се на листи на корупција и криминал, иако успешно се криеле и заштитиле, а дали САД ќе ги стави и на својата листа, за тоа не можам да прејудицирам. Но фактот, дека нивниот градоначалник е ставен на таа листа, доволно зборува за каква партија зборуваме“,
рече тој.
Во интервјуто за „Локално“, Гаши одговара и на прашањето дали би коалицирал со ВМРО-ДПМНЕ, доколку партијата на Христијан Мицкоски победи на следните парламентарни избори.
На ова, тој кажа оти Алтернатива не ги бира коалициските партнери по име или боја, туку, како што вели, по програмски определби и политички договори за соработка.
„Ако ВМРО-ДПМНЕ победи на следните избори и ако ние имаме покана за здружување во извршната власт, ќе треба да зборуваме за тоа кој ќе биде начинот на владеење, која ќе биде владината програма, кои ќе бидат роковите и кои се ќе бидат гаранциите дека договореното ќе се имплементира. Тек тогаш ќе одлучиме“,
нагласува Гаши.