Од ЦУК информираат дека на некои места гори и покрај патот кој минува низ планинатата Серта
Гасењето на пожарот на планината Серта ќе продолжи утре од копно, но и од со воздухопловите што се на располагање, информираше вечерва неготинскиот градоначник Горан Стојан, посочувајќи дека тоа бил заклучокот на состанокот на Штабот за заштита и спасување во Неготино.
Од ЦУК информираат дека на некои места гори и покрај патот кој минува низ планинатата Серта.

„Предвидено е вклучување на сите воздухоплови-хелихоптери и ‘ертрактори‘ што се на располагање за гасење на пожарот од воздух, а паралелно од копно ќе бидат вклучени припадниците на АРМ, 30 припадници на ЕБР, полицајци од СВР Неготино, пожарникари, од Национални шуми, ловџии и волонтери што со денови даваат несебичен придонес во гасењето на пожарот“,
рече тој.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопштија дека на територијата ан државата има 16 пожари, од кои 13 се активни. Изгаснати се три пожари, во Општина Македонски Брод, с. Грешница и с. Слатино (Деградирана шума, ниска вегетација и грмушки), Општина Росоман, с. Сирково (ниска вегетација) и Општина Чешиново-Облешево, с. Теранци (ниска вегетација).
Каде има активни пожари?
- Опшина Неготино во атарот на с. Калањево-Планина Серта (ниска вегетација и шума)
- Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли (ниска вегетација и грмушки)
- Општина Ново Село над с. Бадилен (борова шума)
- Општина Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума)
- Општина Чашка, с. Габровник (префрлен пожаро од с.Слепче, Општина Долнени)
- Општина Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто)
- Општина Гевгелија, помеѓу с. Негорци и с.Кованец (даб,смрека,прнар, сува трева).
- Општина Студеничани, Бегово поле (Ниска вегетација и Мешена шума);
- Општина Зелениково, помеѓу Долно Јаболчиште и Дејковец (Мешана шума)
- Општина Радовиш, Горни и Дилни Липовиќ (Ниско стеблесна и борова шума);
- Општина Битола, Гермаски гробишта нас.Баир (Ниска вегетација и шума);
- Општина Делчево, (депонија)
- Општина Липково, с. Ваксинце и с. Слупчане (сува трева и ниска вегетација)