Како што јавува „Струмица денес“, невремето предизвикало поплави по улиците во пониските делови од градот, а дел од градското подрачје во моментот е без електрична енергија
Силно невреме со пороен дожд проследен со врнежи од град вечерва ја зафати Струмица.
Како што јавува „Струмица денес“, невремето предизвикало поплави по улиците во пониските делови од градот, а дел од градското подрачје во моментов е без електрична енергија.
„Вечерва Струмица, особено во делот на улица „Млaдинска“ повторно е жртва на лошата атмосферска канализација, несоодветната инфраструктура, но очигледно и слабото одржување на канализацијата.
напиша Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица.
Вечерва времето потсетува дека главната задача на политичарите е да се грижат за генералните проблеми, а другите задачи се споредни“,
Засега нема информации за поголеми штети, а екипите на „Комуналец“ и Противпожарната единица интервенираат на терен, јавува „Струмица нет“.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од невремето кое вечерва ја зафати Струмица, а кои ги објави „Струмица денес“ на Фејсбук.






