Екипа на „360 степени“ е во Центар, каде што за гласање се пријавиле 18 лица кои се инфицирани или се во самоизолација, а кои се од 11 избирачки места во оваа скопска општина
Гласањето на избирачи кои се заразени со ковид-19 или се во самоизоација почна претпладнево.
Екипа на „360 степени“ е во Центар, каде што за гласање се пријавиле 18 лица со ковид-19 или во самоизолација кои се од 11 избирачки места во оваа скопска општина.

Посебните избирачки одбори ги заведоа во Општинската изборна комисија материјалите за гласање. Медицински лица ги носат гласачките кутии во домовите кај лицата што се пријавени за гласање.

По завршување на гласањето, посебниот избирачки одбор во просториите на општинската изборна комисија го предава материјалот на избирачкиот одбор во чиј извод од избирачкиот список се наоѓаат гласачите што гласале.

Се отвора гласачката кутија со пликовите со гласачки ливчиња и тие се селектираат по избирачки места, па се стават во соодветната кутија на избирачкото место.
Гласањето се одвива според посебни мерки за заштита од ковид-19.

По завршување на гласањето, посебниот избирачки одбор во просториите на општинската изборна комисија го предава материјалот на избирачкиот одбор во чии извод од избирачкиот список се наоѓаат гласачите што гласале. Се отвора гласачката кутија со пликовите со гласачки ливчиња и тие се селектираат по избирачки места, па се стават во соодветната кутија на избирачкото место.
Денеска е првиот од трите дена предвидени за гласање на десеттите парламентарни избори.
Утре гласаат болните и немоќни лица, а за среда, 15 јули, е закажано „главното“ гласање за пратеници во идниот состав на македонското Собрание.