Фудбалската ѕвезда Ријад Марез ненадејно бил хоспитализиран поради здравствени проблеми. Лошите вести доаѓаат од Саудиска Арабија, а ги објавија тамошните медиуми.
Само неколку дена откако фудбалерот се ожени, одигра пријателски натпревар со Сенегал, а по триумфот на неговата селекција почувствувал здравствени проблеми.
Тој бил хоспитализиран во Џеда откако почувствувал болки во стомакот, а првичните анализи наводно покажале присуство на бактерии во стомакот, па сомнежите се дека бил затруен со храна во еден од тамошните ресторани.
Труењето не било безопасно и 32-годишниот Марез морало итно да биде хоспитализиран за да му се направат дополнителни прегледи и да се следи неговата состојба.
По освојувањето на тројната круна со Манчестер Сити, Марез потпиша договор во Саудиска Арабија каде што стана играч на Ал Ахли.