Од ПЦЕР ги повикаа надлежните институции да го истражат случајот и навремено да постапат
Експлозивна направа била фрлена во партискиот клуб на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) во Тетово, но за среќа нема повредени, а причинета е голема материјална штета, информира лидерот на партијата, Самка Ибраимовски.
„Би сакале да ја информираме јавноста дека на 21.10.2024 година беше фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР. Искршени се сите прозорци и е направена значителна штета од сето ова. Најостро го осудуваме овој чин на нетолеранција и непочит кон нас и кон Ромите од овој град и од целата држава. Ги повикуваме надлежните институции од Република Северна Македонија да го истражат случајот и навремено да постапат“,
наведува Ибраимовски во соопштението испратено до медиумите.
Клубот на ПЦЕР се наоѓа на улицата „Иво Лола Рибар“во Тетово.
