Се работи за 3 299 паралелки или 0,63 отсто од вкупниот број во Бордо, Клермон-Феран, Париз, Версај, Нант, Орлеан-Тур, Поатје, Безансон, Лион, Гренобл, Монпелје, Мартиник и Гвајана
Две недели по почетокот на учебната година 3 299 паралелки или 0,63 отсто од вкупниот број во Франција до денеска се се затворени поради ковид-19.
Во Франција, како што јави МИА, постојат два степени кога се работи за случај на зараза во училиштата. Според првиот, паралелките со ученици мора да се затворат во првиот докажан случај на коронавирус, додека дека одлуката за затворање на цела паралелка со ученици од втор степен зависи од „мислењето на здравствените власти“. Вообичаеното правило за втор степен е да се изолира позитивниот ученик, како и учениците кои се сметаат за контактни случаи и не се вакцинирани, додека остатокот од класот продолжува да оди на час нормално.
Меѓу затворените образовни институции се 15 училишта и еден колеџ во Бордо, Клермон-Феран, Париз, Версај, Нант, Орлеан-Тур, Поатје, Безансон, Лион, Гренобл, Монпелје, Мартиник и Гвајана. Покрај тоа, во текот на изминатите седум дена, 9 478 ученици (од вкупно 12 223 000) и 439 вработени (од 1 201 500) биле позитивни за коронавирус.
Од почетокот на учебната година на 2 септември, 1 314 училишта им понудија на нивните ученици на возраст над дванаесет години да се вакцинираат.
Според податоците на јавното здравје на Франција, епидемијата со ковид-19 во земјата започнува да слабее, така за прв пат од по 15 август бројот на лицата на болничко лекување поради ковид-19 падна под 10 000, од кои помалку од 2 000 пациенти на интензивна нега.