Најмалку триесет и девет лица биле уапсени во центарот на Франкфурт откако полицијата била нападната со шишиња на забава на отворено, соопшти германската полиција.
Од таму наведуваат дека, пет полицајци биле повредени кога интервенирале во расправија што настанала помеѓу триесетина лица.
Инцидентот се случил на една од забавите на отворено кои станаа замена на ноќните клубови, кои се затворени како превенција од ширењето на ковид-19.
На забавата присуствувале повеќе од 3 000 лица.