Гувернерот на регионот на Анкара, Васип Шахин, изјавил дека првичните информации наведуваат оти возачот на автобусот најверојатно заспал, бидејќи нема индиции дека се обидел да закочи
Најмалку девет лица загинаа, а 26 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи во близина на главниот град на Турција, Анкара, јавуваат тамошните медиуми.
Според турскиот национален сервис – ТРТ, несреќата се случила околу 5 часот, кога автобус кој се движел кон провинцијата Ескишехир се забил во столб од надвозник во анкарскиот кварт Полатли.
На местото веднаш биле испратени голем број противпожарни, спасувачки и медицнски тимови, а полицијата го затворила сообраќајот на делницата.
Од турското Министерство за здравство соопштиле дека девет лица ги загубиле животите во несреќата.
Гувернерот на регионот на Анкара, Васип Шахин, изјавил дека првичните информации наведуваат оти возачот на автобусот најверојатно заспал, бидејќи нема индиции дека се обидел да закочи.
Ankara Polatlı’da yolcu otobüsünün köprünün ayağına saplanması sonucu meydana gelen trafik kazasında çok sayıda ölü ve yaralı var.
— SuperHaber (@superhaber) August 9, 2024
İşte olay yerinden gelen ilk görüntüler…https://t.co/A3fFdU0gKn pic.twitter.com/SZ0UZlrw80
Министерот за првада на Турција, Јилмаз Тунч, во објава на социјалните мрежи информира дека е покрената истрага која треба да ги утврди точните причини за несреќата.
„За несреќата што ни ги скрши срцата започната е истрага, а под координација на заменик-главниот јавен обвинител се назначени 3 јавни обвинители“,
напиша Тунч на социјалната платформа Икс.
Ankara’nın Polatlı ilçesi yakınlarında meydana gelen otobüs kazasında hayatını kaybeden vatandaşlarımıza Allah’tan rahmet, kederli ailelerine sabır, yaralı vatandaşlarımıza acil şifalar diliyorum.
— Yılmaz TUNÇ (@yilmaztunc) August 9, 2024
Yüreğimizi yakan kazayla ilgili Ankara Batı Cumhuriyet Başsavcılığı tarafından…
Дневниот весник „Хуриет“ во веста за случајот наведува дека автобуските несреќи се прилично чести во Турција.
Постетува дека во мај годинава 10 луѓе загинаа, а 40 беа повредни при судар на автобус, два автомобили и камион на автопат во близина на јужниот град Мерсин.