Противпожарна екипа гасне возило кое се запалило на „Илинденска“, спроти владината зграда. Информацијата за „360 степени“ ја потврдија од скопската противпожарна бригада и велат дека нивна екипа сè уште е на терен. Засега нема информации како настанал пожарот.
Во моментов, булеварот во насока од Владата кон мостот „Гоце Делчев“ е затворен за сообраќај.


