Двата автомобили од судирот претрпеле големи оштетувања
Сообраќајка помеѓу две возила со скопски регистрации попладнево се случи на раскрсницата кај Собранието и болницата „Св. Наум Охридски“ (старата градска болница) во центарот на Скопје.
Засега нема информации за повредени лица, а од она што може да се види на самото место двата автомобили претрпеле големи оштетувања.
На терен има и полициска екипа која го регулира сообраќајот кој се одвива отежнато по една коловозна лента.