Камерата на „360 степени“ забележа интересен момент на раскрсницата кај „Мавровка“. Колони од автомобили чекаа да помине германскиот претседател, а меѓу нив и еден „коњаник“
Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, од денеска па до 1 декември ќе престојува во официјална посета на Македонија. Тој првпат ја посетува нашата земја.
Поради неговата посета, МВР најави посебен сообраќаен режим во главниот град.
Камерата на „360 степени“ забележа интересен момент на раскрсницата кај „Мавровка“. Колони од автомобили чекаа да помине германскиот претседател, а меѓу нив и еден „коњаник“.
Според Законот за безбедност на сообраќај на патиштата, член 129:
„По автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат пешаци, велосипеди, мобилни машини, мотокултиватори, трактори, запрежни возила и добиток, ниту возила кои според одредбите на овој закон не се сметаат за моторни возила“.
Иако со закон е забрането запрежни коли да сообраќаат по главните коловози, во Скопје тоа е секојдневна глетка.
Фокусот на посетата на Штајнмајер е ситуацијата во регионот, влијанието на војната во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.