Во меѓувреме, двајца членови на персоналот на Бакингемската палата во Лондон го објавија официјалното известување за смртта на кралицата Елизабета Втора и го поставија на оградите на палатата
Голема толпа луѓе се собра пред портите на Бакингемската палата во Лондон откако беше објавена веста за смртта на кралицата Елизабета Втора.
По веста за смртта на кралицата, знамињата беа спуштени на половина копје.
Во меѓувреме, двајца членови на персоналот на Бакингемската палата во Лондон го објавија официјалното известување за смртта на кралицата Елизабета Втора и го поставија на оградите на палатата.
Во известувањето пишува:
„Кралицата почина мирно во Балморал ова попладне. Кралот и кралицата (Queen Consort) ќе останат во Балморал оваа вечер и ќе се вратат во Лондон утре.“
Во циркусот Пикадили во центарот на Лондон луѓе ја фотографираат голема слика што ја одбележува смртта на кралицата Елизабета Втора која почина денеска на 96-годишна возраст.
Кралицата Елизабета Втора, најдолготрајниот британски монарх чие владеење траеше седум децении, почина во четвртокот на 96-годишна возраст, објави Бакингемската палата.
Новиот крал официјално ќе биде познат како кралот Чарлс Трети, официјално е потврдено.
Во моментот кога се прогласува смрт на кралицата, тронот веднаш и без церемонија поминува на наследникот Чарлс, поранешниот принц од Велс.