Кралот Чарлс Трети во венецот на ковчегот, кој е направен со цвеќиња кои лично ги избрал, стави рачно напишана порака до неговата мајка, која гласи: „Во љубов и посветено сеќавање“
Велика Британија и светот се простија од кралицата Елизабета Втора. На државниот погреб присуствуваа повеќе од 2 000 високи гости од целиот свет, а стотици луѓе се собраа во Лондон на рутата низ главниот британски град за да го кажат своето последно збогум.
Последното испраќање на кралицата, медиумите го нарекоа „погреб на векот“, а милиони ширум светот го гледаа погребот преку преносите во живо што ги обезбедија телевизиите.
Државната погребна служба се одржа во Вестминстерската Опатија во Лондон, од каде ковчегот со телото на кралицата до замокот Виндзор, каде што ќе биде погребана покрај нејзиниот сопруг војводата од Единбург, принцот Филип.
Кралот Чарлс Трети и неговите браќа и сестри одеа зад ковчегот додека заминуваа од Вестминстерската опатија по државниот погреб, додека другите членови на кралското семејство патуваа со автомобил.
Тој во венецот на ковчегот, кој е направен со цвеќиња кои лично ги избрал, стави рачно напишана порака до неговата мајка, која гласи: „Во љубов и посветено сеќавање“.
Вечерва во Виндзор ќе се одржи и приватен погреб со високи членови на кралското семејство, по што кралицата ќе биде погребана покрај нејзиниот сопруг, кој почина лани.