Морничаво тивко од утрово е во скопската метропола, додека на сила е најдолгиот полициски час.


Тишината во градот ја разбива само црцорењето на птиците и звукот од семафорите на празните булевари.

Во малата обиколка низ центарот на градот на пладне, екипата на „360 степени“ регистрираше само неколку возила и ниту еден минувач.


По проверките од полицијата за издадени дозволи за движење во полициски час, возачите од автомобилите беа пуштени да го продолжат патот.


Дозвола за движење имаат само оние граѓани со специјални дозволи издадени од надлежните институции и оние кои имаат потреба од итна здравствена грижа.



Полицискиот час започна вчера од 16 часот, а ќе трае до понеделник до 5 часот. Забраната за движење важи на цела територија на државата.

Поврзани вести:
Скопски водич за полицискиот час – маркети, аптеки, ресторани кои вршат достава до дома