Се прават подготовки и за внатрешни уредување на соборниот храм каде поглаварите Порфириј и Стефан ќе служат заедничка литургија на 24 мај
Седиштето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) се „дотерува“ во пресрет утрешното пристигнување на делегацијата на Српската православна црква (СПЦ) во Скопје.
Мајстори изведуваат градежни работи околу седиштето на црквата и соборниот храм „Св.Климент Охридски“ и се чисти просторот.
Се прават подготовки и за внатрешни уредување на соборниот храм.
Делегацијата на СПЦ ќе ја предводи патријархот Порфириј а во Скопје треба да пристигне утре (23 мај). На 24 мај, пак, патријархот Порфириј и архиепископот Стефан заедно со архијереи од двете цркви ќе одржат божествена литургија во храмот „Св.Климент Охридски“.
Пред три дена двете цркви одржаа и заедничка „литургија на помирување“ во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград.
- СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград служат литургија на помирување
- (ВИДЕО) Архиепископот Стефан со порака од Белград: Благодарност до СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија
- Порфириј: Ја исцеливме раната што нè болеше 55 години
- Јован Вранишковски: Денеска сум порадосен отколку денот кога добив томос за автономија на ПОА