Јужна Европа би можела да забележи рекордни температури во следните неколку дена. Стариот континент е зафатен од топлотен бран кој италијанските метеоролози го нарекоа „Cerberus“, именувајќи го по триглавото куче кое во грчката митологија го чувало подземниот свет. „Cerberus“ е причината поради која температурите се искачуваат над 40 Целзиусови степени.
Најпогодени се Италија, Шпанија, Франција, Хрватска, Грција и Турција.
Почетокот на јули ја одбележа најжешката недела на планетата во историјата на мерењето температури.