,,Имаме услови дека без уставни измени не може да се отвори првото поглавје затоа што скринингот е почнат и следната средба со ЕУ мора да започне во ноември. Политичките партии мора да работат да ги убедат луѓето дека единствено решение е Бугарите да станат дел од уставот и да го отворат првото поглавје (со ЕУ). Затоа што со тоа победуваат сите партии во оваа земја. Најдоброто решение за нашите проблеми е да создадеме сојуз за обединета Европа. Сите треба да се гордеат со тоа и треба што поскоро да ги исполнат домашните обврски“, рекол Ахмети, се наведува во соопштението од партијата
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во Чегране, Гостиварско, порача дека политичките партии мора да се обединат, да создадат сојуз за Европа и што поскоро да се донесат уставните измени со вметнување на Бугарите затоа што тоа е единствено решение за отворање на првото поглавје од пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ).
Ахмети на партиската трибина во Чегране беше придружуван од претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби, како и други државни фунционери од партијата и соработници.
Тој порача дека сега земјата се соочува со големо прашање и „треба да ја завршиме нашата домашна задача и да ги имплементираме стандардите што од нас ги бараат меѓународните партнери, меѓу кои се и борбата против криминалот и корупцијата“.
„Имаме услови дека без уставни измени не може да се отвори првото поглавје затоа што скринингот е почнат и следната средба со ЕУ мора да започне во ноември. Политичките партии мора да работат да ги убедат луѓето дека единствено решение е Бугарите да станат дел од уставот и да го отворат првото поглавје (со ЕУ). Затоа што со тоа победуваат сите партии во оваа земја. Најдоброто решение за нашите проблеми е да создадеме сојуз за обединета Европа. Сите треба да се гордеат со тоа и треба што поскоро да ги исполнат домашните обврски“,
рекол Ахмети, се наведува во соопштението од партијата.
Лидерот на ДУИ, во своето обраќање, истакнал дека не може да му се наметнува ултиматум или програмска линија со платформи бидејќи за нив одлучува конгресот, а дека тој само ги спроведува тие одлуки и одговара на ова највисоко партиско тело, алудирајќи на барањата и потезите на ,,огнената група”.
„Јас не сум пион во шаховските фигури, или сум командант и водач, или воопшто не сум. Немам лутина или омраза бидејќи ништо лошо не им се случило на моите пријатели и се трудев да бидам еднаков со сите. Така што, ДУИ никогаш не била посилна… ДУИ создаде институции кои никој не може да ги уништи“,
посочил Ахмети.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пак, во своето обраќање, истакнал секој мора си ја работата, а ако не може, тогаш е чесно да му ја даде на друг.
„Не можеме да молчиме затоа што работата што ми е дадена ако не ја работам ќе биде чесно да кажам благодарам ослободете ме од обврската и да ја дадам на некој што може, но некого да обвинувам не е чесно. Албанците 20 години ја поддржуваат идеологијата на Али Ахмети и ДУИ, и тоа не е случајно. Дали ја завршивме целата работа? Нема никој на светот кој вели дека ја завршил целата работа. Сите треба да се вразумиме и да погледнеме во политичкото минато и конечно да се прилагодиме на барањата на лидерот и на народот“,
нагласил Џафери.
Првиот вицепремиер, Артан Групи, како што се наведува во соопштението од партијата, зборувал за постигнатото од ДУИ во изминатите години, нагласувајќи дека работите што ги направиле не се малку и праша „дали има Албанци кои велат дека не се подобри од порано и посилни од кога било“.
„Вработени се 41,5 отсто од Албанците. Ова е реалност, а не само зборови. Тоа се дела кои ги спроведуваме. Станавме членка на НАТО, отворивме преговори со ЕУ во јули, започнавме стратешки дијалог со САД, претседаваме со ОБСЕ, најголемата меѓународна организација, ние сме пример во регионот за управување со кризи и воопшто не сме имале прекини на струја. Сега се вршат работи кои не се извршувале со децении. Изградивме тим кој достоинствено не претставува пред сите“,
истакнал вицепремиерот Артан Груби на трибината.