Од МНР додаваат и дека надлежните органи веќе прават напори да откријат кој стои зад подметнатиот пожар во Битола
Клубот на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола бил запален изутринава, а од објавените фотографии се гледа дека е опожарена влезната врата. Според информациите во медиумите, во внатрешниот дел не биле причинети никакви штети.
Од Министерството за надворешни работи веднаш излегоа со реакција осудувајќи го „вандалскиот чин“.
„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола. Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина“
се вели во соопштението.
Од МНР додаваат и дека надлежните органи веќе прават напори да откријат кој стои зад подметнатиот пожар во Битола.
„Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија. Надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин“,
посочуваат од МНР.