„Србија не е нешто што е надвор од вас, ние сме дел од вас, секогаш ќе бидеме со вас и никогаш нема да бидете сами. Да живее Косово и Метохија и да живее нашата најубава и единствена Србија“, вели спркиот претседател
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во палатата „Србија“ прими околу стотина ученици од Осојан, Гораждевац, селата Бања, Бањска, Штрпац, Витина, Ново Брдо, Гњилане и Косовска Каменица, места во Косово каде што живее српско население, пренесуваат српските медиуми.

Оваа посета на основците е, како што напиша на неговиот профил на социјалната мрежа Инстаграм, по повод 20-годишнината од прогонот на Србите од Косово.
„Драги деца од сите делови на Косово и Метохија, наша Србија, добре дојдовте во друг дел од нашата Србија. Ви благодарам што денеска сте тука со нас во Белград, на 20-годишнината од страшниот прогон на српското население во јужната покраина, кој продолжува со иста енергија и денес, 20 години подоцна. Ви благодарам, драги деца, што заедно со вашите родители и учители ја сакате Србија. Знајте дека тоа е ваша земја, знајте дека имате само еден главен град – Белград и се надевам дека ќе имате време да ги засакате и другите делови од вашата татковина“,
напиша Вучиќ на Инстаграм.
На учениците им посакал и да доаѓаат често во, како што вели, нивниот Белград и да ја сакаат Србија.
„Србија не е нешто што е надвор од вас, ние сме дел од вас, секогаш ќе бидеме со вас и никогаш нема да бидете сами. Да живее Косово и Метохија и да живее нашата најубава и единствена Србија“,
рече српскиот претседател.
Вучиќ не изостана да ја спомене Бањска, во нападот на српската вооружена група во Бањска кај Звечан, на 24 септември 2023 година, кога загина припадник на косовската полиција, а уште двајца беа повредени.
Тројца од српските напаѓачи беа убиени во полициската реакција.
„Ви глагодарам и вам од херојска Бањска, која се обидуваат да ја прогласат за место на злото, не знаејќи колку страдања и зло му нанесоа на нашиот народ на северот на Косово“,
вели српскиот претседател.