ОД СВР Куманово велат дека истражните органи се на терен и дека несреќата се случила кога воз удрил во автомобил со германски регистарски таблички.
„Денеска околу 12:48 часот е пријавена сообраќајна незгода во село Романовце помеѓу локомотива и автомобил. На местото на настанот излегле истражните органи и вршат увид за расветлување на случајот“,
се вели во соопштението на СВР, Куманово.
Од Кумановската болница информираа дека кај нив се примени двајца пациенти на кои им е укажана помош и истите се препратени на трауматолошкиот оддел во Скопје и дека се надвор од животна опасност.