Советничката во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ денеска пред просториите на Град Скопје каде се наоѓа канцеларијата на градоначалникот Петре Шилегов, остави лампиони, барајќи да се откаже новогодишното украсување на градот.

На лампионите има напишано и цифра од 200 000 евра со кои советничката вели дека наместо да се украсува можат да се купат нови 15 болнички возила.
„Ако му е до лампиони, еве му лампиони, и тоа необични и приближно верни на оригиналот на кој ја пишува и неговата омилена цифра 200 илјади евра, само и само да се откаже од лудото, неразумно трошење на народните пари. Затоа уште еднаш, по којзнае кој пат апелираме, повикуваме, средствата за новогодишно украсување да се пренаменат на заштита на животите и здравјето на скопјани“,
вели Жугиќ.
Според фотографиите кои ги објави ВМРО-ДПМНЕ, освен пред канцеларијата на Шилегов, денеска тие ваква герла акција имале и низ Градскиот парк.

Ставот на Шилегов и на СДСМ е дека нема да дозволат градовите и општините да бидат завиени во мрак. На граѓаните, според социјалдемократите им е потребна зрак светлина во тешкиот период со коронавирусот, особено во она малку време што можат да го поминат надвор.