Затворени се сите кафеани и кафулиња, а работат само киосците 24/7 и оние за брза храна, како и по некоја импровизирана тезга на уличните продавачи со новогодишни реквизити
На два часа пред полноќ со што ќе се означи почетокот на новата 2021 година, центарот на Скопје е преполн со посетители.
Затворени се сите кафеани и кафулиња, а работат само киосците 24/7 и оние за брза храна, како и по некоја импровизирана тезга на уличните продавачи со новогодишни реквизити.

Од кусата прошетка низ улицата „Македонија“ и плоштадот, може да се заклучи дека посетитетелите се на различна возраст, од најмали, кои родителите ги носат во колички, до највозрасни.






Најмногу од нив се фотографираат пред новогодишната елка и останатите декорации на плоштадот.


Посетители главно не се групираат и носат маски, а единствено редови има пред киосците за храна.

Забележавме и полициски патроли кои се движеа низ плоштадот или беа стационирани на одредени пунктови низ центарот.

Некои новогодишната прошетка ја продолжуваат преку Камениот мост, кон Старата Чаршија.

