Од Центарот за управување со кризи на нивниот официјален фејсбук-профил соопштија дека невремето во Делчево започнало во 16:30 и траело до 18:20 часот и во него досега има поплавено повеќе од 60 објекти во населбата Пролет и улицата Индустриска. Оттаму информираат дека на терен се излезени локалната Територијална противпожарна единица и Јавното комунално претпријатие „Брегалница“, се сите свои екипи и вршат испумпување на водата од поплавените објекти
Силно невреме со пороен дожд, грмежи и град попладнево го зафати Делчево и околните населени места.
Поројниот дожд поплавил голем дел од подрумските простории на куќи и други објекти во градот на крајниот исток на земјава и предизвикал тешкотии во сообраќајот.

Врнежите од град кои биле со големина на лежник предизвикале штети на дел од раноградинарските култури и на дел од овожните насади, јавува МИА.
Од Центарот за управување со кризи на својот официјален фејсбук-профил соопштија дека невремето во Делчево започнало во 16:30 до 18:20 часот и во него досега има поплавено повеќе од 60 објекти во населбата Пролет, улицата Индустриска.
Оттаму информираат дека на терен се излезени локалната Територијална противпожарна единица и Јавното комунално претпријатие „Брегалница“, се сите свои екипи и вршат испумпување на водата од поплавените објекти.
Поголем дел од градот поради невремето е без снабдување со електрична енергија.
Од фотографии и видео-снимки објавени од граѓани на социјалните мрежи можат да се видат поплавени улици, а нивото на водата достигнува речиси до прозорците на автомобилите.

На едно од видеата, објавено на Фејсбук се гледа целосно уништена улица, со распукан асфалт, за што во обајвата се вели дека последица од силното невреме.
Од Општина Дечлево апелираа до граѓаните да пријават евентуални штети, а оттаму дополнително најавија информација за првичните штети настанати од невремето.