На „Парадата на гордоста“ поддршка на учесниците дојдоа да им искажат и поранешните министерки за култура и за труд и социјала, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Јована Тренчевска
Во Скопје денескка се одржува петтата по ред „Парада на гордоста“. Учесниците под мотото „спектакуларно непослушни“ во 17 часот се собраа во паркот „Жена борец“ каде свои обраќања имаа мајка на трансродово дете и претставничка на феминистките, а потоа тие се упатија кон Градскиот парк каде ќе испратат политички паели, а ќе има и забава.
„Додека се радувам гледајќи ја ќерка ми како го вее знамето на заедницата не можам, а да не се сетам на сите ЛГБТ кју тинејџери кои жиеват во страв од своите родители или се соочуваат со отфрлање“,
изјави мајка на трансродово дете.
Ирена Цветковиќ од коалицијата „Маргини“ во изјава за „360 степени“ посочи дека не очекува да има инциденти.
„Досега не сме имале напад за време на прајдот, но сме имале напад на учесници кога се враќале, што е доказ за кукавичноста на лицата кои вршат дела од омраза. Не можат да не нападнат кога сме заедно, но начекуваат кога некој е сам. Очекуваме да биде мирно, задоволни сме од соработката со МВР. Полицијата е присутна, но не е највидлива, највидлива е заедницата“,
рече таа.
На „Парадата на гордоста“ поддршка на учесниците дојдоа да им искажат и поранешните министерки за култура и за труд и социјала, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Јована Тренчевска.

Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.
Во продолжениe погледнете ги фотографиите од атмосферата на парадата.









