Во невремето, кое предизвика најголемо уништување во сојузната држава во последниве години, исто така исчезнаа 60 лица, а раселени се 10 242 во 154 градови, според цивилната одбрана на Рио Гранде до Сул

Бројот на загинати од обилните дождови во најјужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 29, соопштија локалните власти во четвртокот вечерта, додека владата прогласи вонредна состојба за да се справи со драматичната ситуација.
Во невремето, кое предизвика најголемо уништување во сојузната држава во последниве години, исто така исчезнаа 60 лица, а раселени се 10 242 во 154 градови, според цивилната одбрана на Рио Гранде до Сул.

„Тоа не е само уште еден критичен случај, ова е најкритичниот што оваа сојузна држава веројатно го забележала во својата историја“,
рече гувернерот на Рио Гранде до Сул Едуардо Леите во директен пренос на социјалните мрежи, додавајќи дека ситуацијата е полоша од минатогодишните дождови.
Повеќе од 300 илјади луѓе без струја
Повеќе од 300 000 луѓе исто така останаа без струја откако во четвртокот пукна браната во мала хидроцентрала, соопшти главното државно комунално претпријатие.
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ги прелета погодените области и се состана со гувернерот Леите во градот Санта Марија во четвртокот на итен состанок.
„Им реков на гувернерот и на моите министри дека федералната влада ќе вложи максимални напори… Ќе се погрижиме за ова со големо внимание и почит“,
рече Лула за време на состанокот.
Минатата година, повеќе од 50 луѓе загинаа по големите поплави
Лула му рекол на Леите во повикот доцна во средата дека ќе испрати онолку луѓе колку што е потребно за да помогнат во решавањето на ситуацијата, соопшти кабинетот на претседателот.
Бразил неодамна се соочи со серија природни катастрофи. Повеќе од 50 луѓе загинаа минатата година во државата Сао Паоло по обилните дождови кои предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави.