Индиското медицинско здружение (ИМА), најголемата група лекари во земјата, соопшти дека ќе ги затвори повеќето болнички одделенија, освен основните услуги, на 24 часа од сабота наутро, што е најголемиот таков штрајк во најмалку една деценија
Гневот на јавноста во источна Индија поради бруталното силување и убиство на лекарка во здравствена установа сѐ повеќе расте, лекарите повикаа на најголемиот штрајк во последно време, а политичките партии најавија протести.
Триесет и едногодишната докторка била силувана и убиена минатата недела во просториите на медицинската клиника и колеџ во источниот град Калкута каде што работела, што предизвика протести низ целата земја меѓу лекарите и ја потсети јавноста на групното силување и убиството на една 23-годишна студентка во автобус во Њу Делхи.
Индиското медицинско здружение (ИМА), најголемата група лекари во земјата, соопшти дека ќе ги затвори повеќето болнички одделенија, освен основните услуги, на 24 часа од сабота наутро, што е најголемиот таков штрајк во најмалку една деценија.
„Лекарите, особено жените, се ранливи на насилство поради природата на професијата. На властите им останува да ја осигурат безбедноста на лекарите во болниците и кампусите“,
се вели во соопштението на ИМА објавено на платформа Икс доцна во четвртокот.
Боливудските ѕвезди бараат построги казни за сторителите на злосторства врз жените
Политичките партии, вклучително и партијата Бхаратија Џаната (БЈП) на премиерот Нарендра Моди, која е во опозиција во државата Западен Бенгал, чиј главен град е Калкута, соопштија дека денеска ќе одржат протести во градот.
Боливудските актери, други познати личности и политичари изразија шокираност од злосторството и повикаа на построги казни за сторителите на злосторствата против жените.
Полициски волонтер кој работел во болницата бил уапсен и обвинет за делото.
Doctors in India are on strike in protest over the brutal rape and murder of a trainee doctor at a Kolkata hospital. Protesters are demanding justice for the victim and stronger legislation. pic.twitter.com/FgYALIOE0S
— Al Jazeera English (@AJEnglish) August 13, 2024
Лекарите велат дека околностите на силувањето укажуваат на ранливоста на медицинските лица кои останале без соодветна заштита и услови.
Владата воведе големи промени во системот на обвинителството по групното силување во Делхи, вклучително и построги казни, но активистите велат дека малку се променило и покрај построгите закони.