Тој на бината покажа и парче хартија на кое пишуваше „преспански договор, бугарски договор, француски предлог, фашизам“, кое Алабаковски го запали
Трета вечер по ред пред владината зградата во центарот на Скопје започнаа протести против францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија и започнување на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
Под мотото „Ултиматум – не благодарам“ граѓани се собраа да го изразат својот револт, а на протестот се појави и пејачот Ламбе Алабаковски кој е обвинет за палење на влезот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Алабаковски на почетокот на протестот ја отпеа државната химната, а потоа се слушаше и неговата песна „Земјо моја“.
Тој на бината покажа и парче хартија на кое пишуваше „преспански договор, бугарски договор, француски предлог, фашизам“, кое Алабаковски го запали.
„Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка. Затоа ова парче хартија треба да гори денес“,
рече пејачот во краткото обраќање.
На протестот се слушаа и свиреше упатени кон Владата, како и скандирања „Никогаш Северна, само Македонија“, „Оставка“, Станете Македонци“.
Демонстратите се упатија и во дворот од Владата, каде на неколку метри од владата има поставено полициски кордон.







