Ураганот Деби забави до тропска бура откако навлезе на копно во крајбрежниот град Штајнхечи на Флорида со брзина од 80 милји на час (околу 130 км/ч), според Националниот центар за урагани
Најмалку четири лица загинаа во ураганот Деби, кој го зафати југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави (САД), особено државата Флорида.
Според информациите што ги сподели Националната метеоролошка служба (NWS), починал возач на камион кој изгубил контрола над возилото на Интерстејт 75 во Тампа, Флорида.
There went my fence. 🤦♀️
— Sassafrass84 (@Sassafrass_84) August 5, 2024
Florida Strong. Hurricane Debby
#hurricane #steinhatchee pic.twitter.com/8Gr4WNxmvp
Трите смртни случаи што претходно ги пријавија државните власти вклучуваат жена и 12-годишно дете кои загинале во сообраќајна несреќа и тинејџер кој загинал кога дрво паднало врз мобилна куќа.
Ураганот Деби забави до тропска бура откако навлезе на копно во крајбрежниот град Штајнхечи на Флорида со брзина од 80 милји на час (околу 130 км/ч), според Националниот центар за урагани.
For perspective on “Hurricane” #Debby the frogs are louder than the inner eye wall winds here in #Steinhatchee #Florida 🤦♂️ pic.twitter.com/cIIzirJlWU
— Jonathan Petramala (@jpetramala) August 5, 2024
Имаше големи поплави поради движењето на Деби во внатрешноста, моќното невреме корнеше дрвја, ги урна столбовите за комунални услуги и ја исклучи струјата на повеќе од 250 000 корисници низ целата земја, пренесуваат светските медиуми.
Дополнително, според веб-страницата за следење летови „FlightAware“, повеќе од 1 700 лета биле откажани вчера, а повеќе од 5 800 биле одложени.