Пожарот, како што рече Ангелов, досега се ширел од тетовската страна, а сега се префрла кон скопската страна
Се одвива на тешко пристапен терен на планинататг Жеден, што го отежнува неговото гаснење
Чадот што попладнево е забележлив во делови од Скопје доаѓа од пожарот на планинатата Жеден во атарот на селото Бојане, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Ова Ангелов го изјави откако претходно од Центарот за управување со кризи (ЦУК) посочија дека зачаденоста во главниот град се должи на силниот ветер кој го носи чадот од актуелниот пожар на планината Китка, на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково.
Пожарот, како што рече Ангелов, досега се ширел од тетовската страна, а сега се префрла кон скопската страна.
Се одвива на тешко пристапен терен на планинататг Жеден, што го отежнува неговото гаснење.
„Во интервенцијата, покрај скопските пожарникари, се вклучиле и нивни колеги од Тетово, како поддршка во справувањето со огнената стихија“,
вели Ангелов.
Очекува во попладневните часови да биде воспоставена контрола врз пожарот.
„Пожарникарите даваат сè од себе, но се исцрпени, бидејќи со денови немаат одморено оти имаме по повеќе пожари и на територијата на Градот Скопје, но и на Општина Тетово“,
рече директорот на ДЗС.
Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), зачаденоста во Скопје доаѓа од актуелниот пожар на планината Китка, на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково.
На пожарот на Китка, додаваат од ЦУК, досега дејствувал хеликоптер на МВР со цел ставање на огнот под контрола.
Во продолжение погледнете фотографии од зачаденоста во главниот град:
Фото: „360 степени“
