На пожарот на Китка, додаваат од ЦУК, досега дејствувал хеликоптер на МВР со цел ставање на огнот под контрола

Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје се должи на силниот ветер кој го носи чадот од актуелниот пожар на планината Китка, на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На пожарот на Китка, додаваат од ЦУК, досега дејствувал хеликоптер на МВР со цел ставање на огнот под контрола.
Од ЦУК потврдуваат дека до овој момент нема пристигнато пријава за можен пожар на планината Водно.
Освен пожарот на Китка, регистрирани се два пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден, како и пожар во Општина Сарај, кај селото Бојане, каде што исто така е зафатена шума.
