Новите возила ќе бидат поддршка на лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО-единица, велат од Министерството за одбрана
Воен конвој со нови возила за македонската Армија е пристигнат во Македонија.
Од Министерството за одбрана информираат дека лесните оклопни возила „ЈЛТВ Ошкош“ (JLTV Oshkosh) се од американско производство и се за лесната пешадиска баталјонска група во Штип.






„Лесните оклопни возила ‘JLTV’ се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО-стандардите и ќе бидат поддршка на лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО-единица“,
се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.
Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување договори помеѓу владите на Република Северна Македонија и САД. Досега се пристигнати 32 возила од овој тип.