„Според мојата процена, во овој момент нема опасност по куќите во селото Селце. Густиот чад потекнува, меѓу другото, и од лисјата што ги има во поголема количина на местото каде се одвива линијата на огнот. Линијата на огнот е повеќе од доста од широка. Повеќе од еден километар“, вели директорот на ЦУК
Пожарот кој пред четири дена започнал на Шар Планина во атарот на село Селце сè уште е активен, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поради сериозните димензии кои пожарот ги добил во текот на денешниот ден, како што вели тој, ангажирале и втор полициски хеликоптер.

Во текот на вчерашниот ден покрај ренџерските тимови на Националниот парк „Шар Планина“, во гаснењето помогнале и тимови на Противпожарната единица на Тетово, но и еден полициски хотелиер.
„Во текот на денешниот ден на лице место гаснат два полициски хеликоптери, како и неколку тимови ренџери од Националниот парк „Шар Планина“, но и неколку тимови од Противпожарната единица од Тетово“,
вели тој.

Според неговата проценка, во овој момент нема опасност по куќите во селото Селце.

„Густата чад потекнува меѓу другото и од лисјата кои ги има во поголема количина на местото каде се одвива линијата на огнот. Линијата на огнот е повеќе од доста од широка. Повеќе од еден километар“,
рече Ангелов.
За жал, како што рече директорот на ЦУК, немаат на располагање ниту еден „ертрактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување, додаде тој, поради проблемот со пилотите.
„Тие значително ќе го олеснеа гасењето на овој шумски планински пожар. Продолжуваме со гаснење со два хеликоптери. Се надевам дека попладнево ќе го ставиме под целосна контрола“,
вели директорот Ангелов.