Маж (34) исчезна во Волос, откако со својот автомобил се обидел да помине низ порој во оваа област. Според грчките медиуми, во возилото бил и неговиот син, кој е во добра здравствена состојба
Граѓаните и туристите во погодениот регион на Волос и околината вечерва добиле известување за забрана за движење и напуштање на домовите без итна потреба.
Како што се наведува на социјалните мрежи и туристите добиле предупредувачка порака, која мора да се почитува.
„Се потсетува дека во префектурата Магнезија е на сила забрана за сообраќај, по наредба на грчката полиција, поради развој на опасни временски услови“
стои во објава на Фејсбук страницата „Грчка инфо“ .
Παγασων, πισω απο το τσασλαπατα #βολος pic.twitter.com/OCYBDDB9Cc
— Ταβερνιάρης ο X (ιξ) (@le_tavernier1) September 5, 2023
Во Загора првично биле измерени 516 милиметри дожд. Најголемата дневна количина на врнежи е измерена до 20 часот и 45 минути и изнесува 754 милиметри. Претходниот рекорд беше 644 милиметри и беше забележан во Палика, Кефалонија за време на медитеранскиот циклон што ја погоди областа пред три години.
#antireport#BREAKING
— V E L O C I T Y 🏴 (@Sacco_69) September 5, 2023
Ξεβράζονται πλέον αυτοκίνητα στη θάλασσα στον Άγιο Ιωάννη Πηλίου. Σε εξέλιξη η καταστροφή από τις πλημμύρες στο Βόλο. #Greece #Βολος #μαγνησια pic.twitter.com/9KcyUJC72P
#Ντανιελ#Βόλος pic.twitter.com/LEuoteELOE
— Αριστείδης Καρατζογλου (@Akaratzoglu) September 5, 2023
Едно лице загина, едно е исчезнато
Маж (34) исчезна во Волос, откако со својот автомобил се обидел да помине низ порој во оваа област. Според грчките медиуми, во возилото бил и неговиот син, кој е во добра здравствена состојба.
Истрагите на ЕМАК и ЕЛАС се во тек за идентификување на мажот во Екатерина во Волос. Како што информираат од противпожарната служба, 34-годишен маж се обидел со својот автомобил да го помине поројот предизвикан од невремето Даниел во областа Екатерини Волос.
Евакуиран домот за стари лица во Волос
Нешто по 20 часот е издадена наредба за евакуација на домот за стари лица во Волос, бидејќи дождот предизвикал сериозни оштетувања и го урнал стариот дел од домот.
Ниту еден од 50-те жители не е во животна опасност.
Според локалните медиуми, главната зграда ќе биде евакуирана. Ќе останат само најстарите кои живеат во третиот дел од домот.
Како што соопшти претходно градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, полицијата го забрани сообраќајот.