Станува збор за обвинители кои на седница на Советот пред два дена беа унапредени на позиции во републичкото, вишото скопско и обвинителството за гонење организиран криминал. Исто така, заклетви дадоа и новите обвинители кои беа избрани за места во основните обвинителства во Скопје и Кавадарци
Шест од вкупно седум обвинители кои пред два дена беа избрани за позиции во републичкото Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска дадоа заклетва и потпишаа свечена изјава, со што и официјално се назначени на новите работни места.
Пред Советот на јавни обвинители денеска заклетва дадоа Елвин Вели и Наталија Тасевска, кои на седница во вторникот беа унапредени и избрани за обвинители во републичкото обвинителство. Досега тие беа дел од тимот на Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Скопје.
За чесно вршење на функцијата денеска се заколнаа и Артан Ајро и Наташа Гаџоска со што и официјално станаа виши обвинители. Ајро досега беше дел од ОЈО ГОКК, а Гаџоска работеше во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.
Свечена изјава потпишаа и две обвинителки на кои Советот им даде мандат да гонат организиран криминал и корупција. Една од нив е Милица Гаврилова која и досега беше дел од ОЈО ГОКК, додека втората е Оливера Проеска за која изборот значеше унапредување со оглед дека досега работеше во Основното јавно обвинителство во Охрид.
Единствена која денеска не даде заклетва, а беше унапредена во петокот, е обвинителката Верица Бержецка-Крстева, која од ОЈО Скопје се вели во ОЈО ГОКК. Причината за тоа што денеска не дојде на потпишувањето свечени изјави е што била на пат.
Покрај избраните обвинители во повисоки обвинителства, заклетви пред Советот денеска дадоа и Елизабета Јосифоска која стана за шефица на ОЈО Гостивар, како и шестмина нови обвинители кои по распишан конкурс за вработување беа избрани за позиции во основните обвинителства во Скопје и Кавадарци. Од петмина се во ОЈО Скопје: Зоран Здравев, Ирина Спасовска, Емилија Мизо Димков, Фатмир Муса и Ајбејан Ајдини. Во Кавадарци, пак, беше примена Елена Манчева-Костова.