На денешен ден – 26 јули во 1963, скопјани ги разбуди најголемата природна катастрофа што го снашла градот. Во 5:17 часот се затресе земјата под Скопје со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала
Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје се приклучи на серијата акции и настани со кои се одбележува 60-годишнината од разорниот земјотрес во Скопје.
На плоштадот „Филип Втори“, оформена е цветна површина уредена така што го отсликува точното време на земјотресот од 26 јули 1963 година.
„По повод денешниот ден кога точно пред 60 години во пет часот и седумнаесет минути градот Скопје доживеа катастрофален земјотрес, ден кој остави длабоки траги за жителите и духот на градот, со голема почит и во знак на сеќавање ЈП ‘Паркови и зеленило’ – Скопје оформи нова цветна површина уредена со сезонски цветен расад отсликувајќи го часот на земјотресот од 26 јули 1963 година. Во центарот на градот, на плоштадот ‘Филип Втори’ уредената цветна површина ги симболизира солидарноста, хуманоста и соживотот. Како претпријатие со голема заложба и должност насоченo работиме за хумано и зелено Скопје, оставајќи пример за генерациите што доаѓаат“,
соопштија од претпријатието.



На денешен ден – 26 јули во 1963, скопјани ги разбуди најголемата природна катастрофа што го снашла градот. Во 5:17 часот се затресе земјата под Скопје со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала.
Земјотресот зад себе остави урнатини, одзеде 1 070 животи, а околу 3 000 лица беа повредени. Над 200 000 жители останаа без покрив над главата. Но, го претвори Скопје и во град на солидарноста – хуманитарна помош за обновување на градот пристигаше од сите страни.
Шеесет години подоцна, само стрелките на часовникот на старата скопска железница потсетуваат на мигот од кобното утро, кога и престанаа да работат. Градот повторно се издигна, но дали и што научи од трагедијата?
„360 степени“ провери во ваква состојба се клучните институции надлежни за ова проблематика. Погледнете го видеото во продолжение.