Според последните информации од терен, екипите на Противпожарната единица сè уште се обидуваат да го изгаснат пожарот во возилата предизвикан од нивниот директен судир
Три лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајната несреќа што се случи утрово по 7 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на селото Лагово, пренесува МИА.
Во сообраќајката учествувале патничко возило марка „тојота“ со прилепски регистарски таблички што се движело во правец кон Битола и камион што се движел во обратен правец кон Прилеп.
Според последните информации од терен, екипите на Противпожарната единица сè уште се обидуваат да го изгаснат пожарот во возилата предизвикан од нивниот директен судир.
Началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, во изјава за МИА рече дека повикот за случена сообраќајна несреќа е примен утрово во 7 и 45 минути.
„На местото на настанот е констатирана смрт на тројца прилепчани, а повреден е возачот на камионот“,
вели тој.
На местото на несреќата, заедно со екипите на полицијата, увид вршат и од Основното јавно обвинителство.
Сообраќајот на магистралниот пат Битола-Прилеп сè уште е во целосен прекин, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).