Под мотото „Стоп за урбаната мафија’“ и со сирени жители на населбата Дексион во општината Ѓорче Петров денеска протестираат поради изградба на станбен комплекс за 3 000 станари во месноста Јурија, без да ги консултира.
Точно напладне, тие ја блокираа главната сообраќајница во општината со барање до градоначалникот Александар Наумовски да се ревидира детелниот урбанистички план СЗ24 Јурија Дексион, односно намалување на висината и габаритот на планираните згради.
Тие, како што рекоа, се незадоволни поради тоа што од општината две недели ги игнорираат нивните барања.
Најавија дека протестите ќе продолжат се додека не се прифатат нивните барања.