Од објавата на Мицкоски нејасно е кога и каде е направена фотографијата со ексминистерката. Дел од медиумите објавија дека Јанкулоска е на одмор од издржување на казната во затворот „Идризово“, а фотографијата со лидерот на опозициската партија е направена во штабот на ВМРО-ДПМНЕ
Заедничката фотографија со Јанкулоска доаѓа во момент кога во фокусот на јавноста е отворената „војна“ со обвинувања и фејсбук-преписки помеѓу актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски
Средба силна колку Горде – ова е описот што лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го напиша под фотографијата објавена на својот фејсбук-профил, а на која е фотографиран со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
„Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!“,
пишува Мицкоски на Фејсбук.

Од објавата на Мицкоски нејасно е кога и каде е направена фотографијата со ексминистерката. Дел од медиумите објавија дека Јанкулоска е на одмор од издржување на казната во затворот „Идризово“, а фотографијата со лидерот на опозициската партија е направена во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешната министерка ја издржува четиригодишната затворска казна од септември 2020 година откако беше правосилно осудена во случајот „Тенк“ за набавката на владиниот луксузен „мерцедес“. Во овој случај е осуден и експремиерот Никола Груевски, кој избега во Унгарија.
Заедничката фотографија со Јанкулоска доаѓа во момент кога во фокусот на јавноста е отворената „војна“ со обвинувања, прашања, одговори и фејсбук-преписки помеѓу актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски.
„Фронтот“ го отвори Мицкоски, кој во изјава за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) го обвини својот претходник Груевски оти е во тајна комуникација со Владата, со цел да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да се протуркаат уставните измени. На ова, Груевски веднаш преку својот фејсбук-профил објави реакција и побара од Мицкоски да изнесе докази дека тајно комуницирал со Владата за уставните измени.
Поврзани вести: