Во гаснењето се вклучи Авионот на ДЗС, како што додаваат оттаму, имал исклучително прецизно дејство со кое постигнал голем ефект во борбата против пламените јазици
Силен пожар изби денеска околу пладне на територијата на Општина Македонски Брод во атарот на село Латово, месност наречена Лозје која се наоѓа над селото каде почнува дабова и букова шума, информираше попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„За да се спречи ширење на пожарот во квалитетна шума како и да се превенира загрозување на селото Латово, на гаснењето на пожарот покрај локалните пожарникари како и ПП работници од Национални шуми, се приклучија и еден ертрактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) како и еден полициски хеликоптер“,
велат од ЦУК.
Авионот на ДЗС, како што додаваат оттаму, имал исклучително прецизно дејство со кое постигнал голем ефект во борбата против пламените јазици.