„Од поројниот дожд и големата количина вода што надојде беше поплавен надвозникот кај селото Кадрифаково, при што на регионалниот пат Штип-Свети Николе има насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок. Има оштетување на патот од поројната вода, при што имаше направена дупка“, велат од ЦУК
Невреме со пороен дожд и ветер што вчера попладне се случи во Светиниколскиот и Неготинскиот Регион направи штета на надвозникот кај селото Кадрифаково, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде велат што и дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се добиени пријави за настанати штети.

„Од поројниот дожд и големата количина вода што надојде беше поплавен надвозникот кај селото Кадрифаково, при што на регионалниот пат Штип-Свети Николе има насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок. Има оштетување на патот од поројната вода, при што имаше направена дупка“,
информираат од ЦУК.
Оттаму велат дека веднаш интервенирале екипите од полицијата – ПС Свети Николе, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, а и од ЦУК – раководителот на РЦУК Свети Николе, сè додека, како што пишува во соопштението на ЦУК, додека не бидат расчистени последиците од невремето.
„Добиена е пријава од гром во Неготино, по што на улицата „Пано Калајџиски“ и околината при што имаше прекин на електрична енергија и штети на уништени апарати во домаќинствата како последица од громот“,
велат од оттаму.

Според ЦУК, екипите на „ЕВН Македонија“ реагирале и го отстраниле дефектот.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и на места град.

„На граѓаните им се препорачува внимателност пред и за време на локалните метеоролошки нестабилности, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации“,
велат од УХМР.
ЦУК информира и за четири пожари на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие. Пожари имало спроти касарната Прилеп (горела ниска вегетација), во Струмица – на сливот на брана „Водоча“ (горела борова шума), во Валандово кај Анска Река на месноста Мичкин Мост (горела ниска вегетација) и кај Млекара Тетово (каде што горела ниска вегетација).