Полицијата пронашла куршуми, рачни бомби, запалка за рачна граната, кутии со барут и сачми, алат и други предмети за изработка на муниција, како и марихуана
Полицијата вчера уапсила две лица во селото Корешница, Демиркаписко, по спроведени претреси, при што ње пронајдена муниција, како и алат за нејзина изработка.
„Имено, во при претрес во дом и помошни простории кај лицата извршен врз основа на наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци биле пронајдени и одземени 586 куршуми калибар 7,62х39,50 боеви куршуми со различен калибар, две рачни бомби, еден топовски удар, запалка за рачна граната, два ловни патрони кал.16 мм, три кутии со барут, две кутии со сачми, алат и други предмети за изработка на муниција и марихуана“,
соопшти полицијата.
Оттаму велат дека лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.