„Денеска ги ставаме во употреба новите автомобили обезбдени за потребите на полициските сектори и единици. Се работи за автомобили од производителот „Шкода“, набавени од страна на МВР на јавна набавка, а во насока на обновување на возниот парк, кој е во незавидна состојба и кој планираме следната година да го реобновиме во најголем дел“, рече министерот Тошковски
Од денеска полициските единици ќе можат да користат дел од моторните возила марка „шкода“ набавени за потребите на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ), информира министерот за внатреешни работи, Панче Тошковски, најавувајќи модернизација во сеекој сегмеент на работењето на полицијата.
„Денеска ги ставаме во употреба новите автомобили обезбдени за потребите на полициските сектори и единици. Се работи за автомобили од производителот „Шкода“, набавени од страна на МВР на јавна набавка, а во насока на обновување на возниот парк, кој е во незавидна состојба и кој планираме следната година да го реобновиме во најголем дел“,
вели министерот.
Тошковски рече дека ќе се насочи на тоа македонската полиција да биде носител на безбдноста на граѓаните.
„Следната година продолжуваме со амбициозни цели на градеење на нови полициски станици и обезбедување на нови униформи за најголем број од полициските единици“,
кажа министерот.