Двајцата претседатели се наоѓаат во Давос, Швајцарија, каде учествуваат на Светскиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ од Давос заеднички ја поздравија одлуката на Српската православна црква (СПЦ) за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска аргхиепископија (МПЦ-ОА).
„Со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на кратка средба во Давос заеднички ја поздравивме одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ – ОА, како чекор во вистинска насока“,
напиша Пендаровски објавувајќи заедничка фотографија со Вучиќ.
Двајцата претседатели се наоѓаат во Давос, Швајцарија, каде учествуваат на Светскиот економски форум.
Пендаровски претходно веќе упати честитка до МПЦ-ОА и до верниците и изрази уверување дека целиот процес ќе заврши со скоро потпишување на томос за автокефалност од вселенскиот патријарх Вартоломеј.
„Ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед, која следи по одлуката на Вселенската Патријаршија за прием на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење. Одлуката на Српската православна црква ќе придонесе за исправање на историските неправди и отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија. Верувам дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архепископија ќе заврши со скоро потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, што ќе придонесе за исполнување на еден од нашите национални интереси и за напредок и помирување во македонското општество“,
напиша Пендаровски во честитката.
Поврзани вести:
- Патријархот Порфириј објави: Соборот на СПЦ прифаќа и признава автокефалност на МПЦ-ОА
- Архиепископот Стефан: 55 години чекавме во тремот некој да се погрижи за нас – денес дојде нашиот собрат и сослужител неговата светост Порфириј
- ФОТОГАЛЕРИЈА: Како помина заедничката литургија во Скопје на која СПЦ објави признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА
- Пендаровски: Одлуката на СПЦ ќе придонесе за исправање на историските неправди и нов духовен раст на ОА
- Заев: Договорот од Преспа, членството од НАТО и Отворен Балкан се причини зошто од денес немаме проблем ниту со МПЦ-ОА
- Мицкоски: Голем ден за МПЦ-ОА, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и Македонија