Фотографиите ги направиле вработени во пунктот на Националната радиодифузија

Падна снег среде лето на врвот Пелистер, кој се наоѓа на 2 601 метар надморска височина, на планината Баба, информираа од ЈУ национален парк „Пелистер“.
„Снег на Пелистер и во лето. Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покаже дека мора да го почитуваме“,
соопштија од Националниот парк „Пелистер“.
Фотографиите ги направиле вработени во пунктот на Националната радиодифузија. Инаку, не е првпат снег да падне на Пелистер во лето.
