Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие треба да го решат проблемот со фасадата, велат од ЦУК

Центарот за управување со кризи соопшти дека е паднат дел од фасада во центарот во Скопје, а постои опасност да падне уште еден дел.
Станува збор за фасада од објект на ул. ,,Димитрие Чуповски” кај ,,Табако Жак Мар” – во близина на Министерство за правда.



Пријавата стигнала преку единствениот број за итни случаи 112, по што регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја известил Општина Центар.
„Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата што почнала да паѓа“,
соопшти ЦУК.