Откорнати дрвја од краткото невреме со дожд и ветер што попладнево го зафати Охрид го блокирале влезот на Центарот за кардиоваскуларни заболувања.
Екипите на јавното претпријатије „Охридски комуналец“ во моментот го расчистуваат теренот, а велат дека урнати дрвја има и на други места во градот.
„Во моментов се расчистува влезот на Центарот за кардиваскуларни заболувања. Четири големи зимзелени дрвја се откорнати од невремето што го зафати градот и паднати врз автомобил и влезот на болницата“,
велат од претпријатието „Охридски комуналец“.