Во деловите од писмото кои ЈО ги испрати до медиумите, може да се прочита лична исповед на осомничениот, чиј идентитет не се открива, како и оној на јавниот обвинител до кого е испратено
Предметот кој е во ваши раце а во кој јас ја имам главната улога е случка која мене ми го промени животот, за жал во погрешна насока, но отсега повеќе ќе внимавам што ќе правам и ќе размислам пред да реагирам.
Ова е дел од содржината од писмото – честитка кое го доби обвинител од Јавното обвинителство од осомничен за случај- кривично дело, кој овој обвинител го води.
Во деловите од писмото кои ЈО ги испрати до медиумите, може да се прочита лична исповед на осомничениот, чиј идентитет не се открива, како и оној на јавниот обвинител до кого е испратено.


Осомничениот признава дека е виновен за делото, дека чувствува одговорност „за настанот од кобната вечер“, но укажува дека е „жртва на сиромашијата и нечовечноста која ги тера луѓето да се служат со секакви нечесни работи за да дојдат до парче леб“.
„Се надевам дека наредниот пат кога ќе се видме, главна тема нема да бидат членови и точки од Кривичниот законик или пак термини за судење туку ќе има весели моменти за славење“,
пишува осомничениот во писмото – честитка, на крјот посакувајќи му на обвинителот здравје, среќни празници, весели момент во живото и многу завршени предмети.
Осомничениот – потписник на ова писмо е еден од над 25 000 полнолетни сторители на кривични дела за кои Јавното обвинителство изминатата година покренало постапки.
