Опожарен е голем резервоар за гориво во Севастопол, најголемиот град на Крим. Зафатени се околу 1 000 квадратни метри во пристанишниот дел.

Првичните информации, според гувернерот на градот кој е под руска контрола, Михаил Развозаев, е дека причината за пожарот е напад на украински беспилотни летала. Засега нема сознанија за загинати или повредени во инцидентот.